Рано изутрина од тимот на Вилијамс и официјално го презентираа нивниот 2017 болид, FW40, придвижуван од Мерцедес ПЕ. Именуван за одбележување на 40-годишнината на тимот, болидот беше откриен два дена пред почетокот на првата тест сесија во Барселона. Минатата недела, тимот ни презентираше компјутерско видео, а промените се очигледни по само една недела на развој. На фотографиите се забележуваат промени, вклучувајќи поагресивен изглед на перката над ПЕ, сличен на дизајнот од страна на Заубер, Рено, Форс Индија и Мекларен. Исто така, има промена и во обликувањето на страничните делови, а сето ова ни покажува дека оваа сезона болидите може да се развиваат со забрзано темпо и може да се променат од трка до трка. Претходно објавените компјутерски фотографии и видео погледнете ги со клик на следниот ЛИНК.
ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД 2017 БОЛИДОТ НА ВИЛИЈАМС - FW40
2/25/2017 10:13:00 AM
0
Share to other apps