На youtube каналот на Вилијамс осамна видео од нивниот 2017 болид - FW40, првиот предизвикувач дизајниран по новите правила во Формула 1 за оваа сезона. Во тимот на Вилијамс се решија да ја прескокнат бројката 39, и да одат директно на 40, како би се обележила нивната 40-годишна историја во Формула 1 мотоспортот.
Дебитантот Ленс Строл и Фелипе Маса, кој ја смени својата одлука да се повлече од Формула 1, кога Валтери Ботас замина во тимот на Мерцедес АМГ, се возачите кои ќе седнат зад воланот на јубилејниот болид на овој Британски тим.
Новиот болид официјално ќе биде презентиран на 25 Февруари