Тимот на Форс Индија, пред почетокот на денешниот тест ден во Барселона, го презентираше својот 2018 болид со ознака, VJM11. Тимот остана верен на розевата боја, со примеси на магента и сребрени тонови, бои на нивниот главен спонзор, BWT, австриската компанија за полнење и обработка на питка вода. Ревидираните бои нудат подинамичен изглед на болидот, базиран на розевиот идентитет кој беше воведен во 2017 година.
Серџо Перез и Естебан Окон, првите возачи на тимот, ја имаа траа должност да ја тргнат прекривката од VJM11, давајќи им на медиумите и фановите шанса за прв пат да го видат адутот на Форс Индија за 2018 сезоната. Подоцна нив им се придружи и Никита Мазепин за кратката фото-сесија, заедно со главниот оперативен директор, Омар Шафауер и техничкиот директор, Ендру Грин.
ФОРС ИНДИЈА VJM11 - НОВ БОЛИД СО ДНК-ТА ОД НЕГОВИОТ ПРЕТХОДНИК
2/26/2018 10:28:00 AM
0
Share to other apps