Мото-трките се суштински дел од ДНК-та на Рено, па од Формула Е до Формула 1, секогаш се стремат кон извонредни резултати. Амбицијата на Рено во Формула 1 е јасна, тие посакуваат да ги достигнат одличните резултати од минатото, а сезоната 2017 потврди дека најверојатно се на вистинскиот пат.
ПиO - НИК ЧЕСТЕР И РЕМИ ТАФИН
Каде може да ги видиме промените за 2018 година?
Ник: "За 2018 година, од страната на шасијата, правилата се релативно слични на 2017. Главната промена е ХАЛО-системот и отстранувањето на ајкулината перка. Во суштина, R.S.18 е развој на филозофијата на R.S.17 со додадено се она што го научивме низ минатата година. Научивме многу на полето на аеродинамиката, знаење што треба да има многу поголем опсег на примена со овој болид."
Реми: "Ja завршивме 2017 година со добар баланс помеѓу Погонската Единица и шасијата, па наша главна цел е да го извадиме максимумот од последната спецификација, во комбинација со целиот напредок што го направивме во однос на издржливоста. Ние поминавме низ обемна и продуктивна програма на динамометарот со 2018 ПЕ со цел да имаме тест сесии и трки без проблеми."
Кои се клучните области на еволуцијата за тимот во 2018 година?
Ник: "На страната на шасијата постојат значителни разлики кај амортизацијата, што треба да ни овозможи подобро возење над испакнатините и малку повеќе предвидливост за возачите. Има многу аеро развој, не само за потисна сила, туку и за поголеми максимални перформанси. Тоа значи дека ќе имаме болид кој е полесно да се контролира и ќе им овозможи на возачите да ги извлечат максималните перформанси."
Реми: "Нашата цел беше јасна, дека сакаме да имаме многу поголема моќност во текот на сезоната и ние се држевме до таа одредба. Имаме јасна насока за тоа што ќе продолжиме да развиваме кај моторот и што можеме да направиме со шасијата."
Кои се главните промени во областа на ПЕ за 2018 година?
Реми: "Главната промена во однос на прописите е дека на располагање имаме една ПЕ помалку во текот на сезоната, т.е. само три. Всушност, тоа е поголем предизвик, бидејќи сме ограничени на три мотори, но само две турбини за кинетичка енергија и два акумулатори!"
"Нашиот прв приоритет, издржливоста, ќе биде уште потежок за остварување, бидејќи треба да ја зголемиме за уште 1/4 во однос на 2017 година. Се разбира, за оваа промена знаевме уште со самиот влез во Формула 1 шампионатот, па затоа 2018 ПЕ започнавме да ја дизајнираме уште во 2016 година. Како никогаш досега имаме поминато голема количина часови на нашиот динамометар."