На прв поглед во очи паѓа новата негова боја, за која инспирацијата била добиена од историските папаја портокалова и сина боја, со која Мекларен за прв пат се тркаше во Формула 1 пред 50 години.
На овие дигитални фотографии болидот изгледа како недовршен, пред се поради недостатокот од спонзори. Од тимот најавија значителни надоградби за првата трка во Австралија. Звучи познато?!?
Возачката постава на тимот е истата од минатата година, т.е. Фернандо Алонсо, двократен Ф1 Шампион, кој влегува во својата четврта последователна сезона со Мекларен и Штофел Вандорн, кој ја започнува својата втора сезона во Формула 1.
Инженерната филозофија на MCL33 ги следи корените утврдени од страна на неговиот претходник, со подобрување на податоците акумулирани од минатата сезона.
Голем дел од работата била насочена кон оптимизирање на целокупниот пакет кон новата погонска единица на Рено, како и вградување на неизбежниот ХАЛО заштитен систем.
За денес тимот на патеката Каталуња има закажано филмски ден, место каде во понеделник започнува првата годинешна тест сесија.