Тимот на Ред Бул не бил во можност да ги комплетира сите дозволени 100км со новиот болид, бидејќи Даниел Рикиардо изгубил контрола врз РБ14 и завршил во заштитните бариери покрај патеката. Тоа се случило по поминати 44км., што и го објаснува отсуството на повеќе официјални фотографии и видеа од вчерашниот филмски ден на патеката Силверстоун.
Главен виновник за излетувањето на Австралијанецот била локва со вода на асфалтот. При аквапланинг нема спас, па РБ14 завршил со оштетено предно крило, нос и цела предна амортизација. Возењето за остатокот од денот било прекинато.
И покрај инцидентот, Рикиардо вели дека е задоволен од возните карактеристики на болидот: "Можев да почувствувам дека е многу стабилен, и покрај лошите временски услови. Се разбира, тоа ќе беше уште подолг ден, но, ќе биде подобро во Барселона."
Исто така, и почетокот на денот не одел според планираната програма, кога во првиот круг било откриено истекување на горивото. Сепак механичарите брзо го отстраниле подот на болидот и проблемот бил навремено решен.
Не само фановите, туку и Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен сметаат дека камуфлажните сини бои им оставиле особен впечаток на РБ14. Сепак, тоа е само привремен изглед и болидот наскоро ќе ги има своите вистински бои.
РИКИАРДО ГО ИСКРШИЛ НОВИОТ БОЛИД
2/20/2018 08:00:00 PM
0
Share to other apps