Италијанскиот Мотоспорт конечно прв со шпекулации кои наводно доаѓаат од блиски извори во Маранело. Имено, инженерите на Ферари имаат позитивни индикации кога е во прашање издржливоста на 2018 Ферари ПЕ, која би требало лесно да "протурка" 7 трки, во согласност со правилото од дозволени само три ПЕ во текот на сезоната. Сега доаѓа потешкиот дел т.е. зголемување на перформансите.
Во Ферари се многу зафатени, 2018 болидот ќе има малку подолго меѓуоскино растојание од минатата година, што многу подобро одговара на шасијата. Аеродинамиката ќе биде појаката страна на новиот болид, додека повеќето сомневања се околу ПЕ, нејзината издржливост и моќност.
Затоа, инженерите на Ферари одлучиле да направат чекор назад, пред да направат подолг напред. 2018 ПЕ, барем на почетокот на сезоната, ќе биде во согласност со моќта од минатата година, а потоа треба да се смета на значаен развој во текот на сезоната, кога би била во можност да го победи Мерцедес АМГ дури и во квалификациите.
Работата тргнала на лошо за Ферари по летната пауза од минатата сезона, кога решенијата на Лоренцо Саси, познати во Маранело како спецификација 064, не дале резултат. Се тоа влијаело и на оваа 2018 ПЕ, која не е нов проект, туку ревидирање на 063 спецификацијата на 2017 ПЕ.
Познатиот тоскански инженер подоцна беше отпуштен и сега е на пат да се приклучи на Мерцедес АМГ. Се ова ни звучи како добитна комбинација за Сребрените стрели. Ако не друго барем ќе пренесе некои од тајните на Ферари, ако и ги имаат!?!
Е сега, како што се најави од страна на ФИА, од оваа сезона имаме ригорозна регулатива кога е во прашање согорувањето на масло како погонско гориво, како и одредени адитиви во горивото.
Постојат гласини дека минатата година со помош на адитиви се овозможувало значително зголемување на моќноста на ПЕ во неколку круга, дури и до 60 КС. Една од најсилните страни на Мерцедес АМГ.
Во Ферари се надеваат дека Шел, нивниот добавувач на гориво ќе направи конкретен придонес во зголемување на моќноста со високо калорична вредност на горивото, и покрај многуте рестриктивни ограничувања кои Меѓународната Автомобилска Федерација избра да се применуваат.
Шел мора да се докаже и да го победи Петронас, ексклузивниот снабдувач на Мерцедес АМГ, кој е репер за сите, вклучително и Ексон Мобил и БП, снабдувачите на Ред Бул, Мекларен, Рено.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.