Тимот на Скудерија Ферари на денешната кратка презентација во Маранело го промовираше најновиот болид, со ознака SF71H. Тоа е 64-от автомобил дизајниран и произведен од Италијанците, за да се натпреварува во 2018 Шампионатот на Формула 1.
Промените воведени од минатата сезона придонесоа за значајни аеродинамични модификации и пошироки гуми на болидите. За оваа сезона сите во Ферари биле насочени кон зголемување на перформансите. Затоа новиот 2018 болид е создаден за да го искористи најголемиот дел од искуството стекнато минатата сезона.
Во споредба со SF70H, меѓуоскиното растојание е малку зголемено, а ревидирани се и страничните димензии, заедно со системот за ладење. Амортизацијата е истата од минатата година, меѓутоа, нејзиниот дизајн е надграден врз основа на искуството стекнато во текот на првата сезона на пошироките гуми.
По завршувањето на денешната презентација, SF71H ќе биде транспортиран на патеката Каталуња, близу Барселона. За недела, 25-ти Февруари, е закажан филмски ден, а понделникот започнува првата тест сесија. На ова тестирање ќе бидат присутни двајцата возачи на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Ветел.
ФЕРАРИ SF71H - РЕВИДИРАН И НАДГРАДЕН 2017 БОЛИД
2/22/2018 03:14:00 PM
0
Share to other apps