Првиот наш впечаток е дека гласините дека во Италијанскиот тим не оди се како треба се вистинити и дека повеќето делови на болидот се од минатата сезона, секако ускладени со годинешните регулативи.
Ако нештата тргнат надолу, да се надеваме дека се вистинити и гласините дека тимот подготвува нова шасија која ќе биде воведена во текот на сезоната.
2016 сезоната за Италијанскиот тим беше сериозен чекор назад. Ферари не успеа да победи на нити една трка, имаше само 11 пласмани на подиумот, паѓајќи на трето место во шампионатот на конструкторите и година кога го загуби високо ценетиот технички директор, Џејмс Алисон, кој започнува со работа во Мерцедес АМГ.
Како последица на тоа, раководството на Ферари одлучи да се потпре на своите долгогодишни вработени кои беа во сенка на "странците". Следува сезона, која е важна за Ферари и поради промената на правилата и фактот дека договорите на возачите истекуваат и треба да се започнат преговори за нивно обновување.
Успехот е од витално значење. Постојат неколку интересни идеи, но како и секогаш, интересно е една работа, но тие да работат во пракса е друга работа. Најуникатната идеја кај новиот болид на Ферари е областа околу страничните делови со отворите за воздух и областа пред/под нив.
Да не навлегуваме во технички детали, кои може да ги разберат само фановите со инженерско ниво на познавање на аеродинамиката, ќе нагласиме дека сите тие компоненти се оптимизирани и прегрупирани за да се создаде област со низок притисок во задниот дел на болидот.
Ако се функционира како што е предвидено, тоа значи дека предното крило ќе работи подобро. Тоа е најголемиот адут на Ферари за оваа сезона, кој ќе биде тешко да се ископира од останатите тимови. Во спротивно, тогаш многу време и напор ќе бидат потрошени за постигнување на една голема нула.
Дали тоа ќе биде доволно за да SF70H го предизвика Мерцедес W08? Ако не, повторно ќе летаат "глави" во Маранело. Повторно, повторно и повторно. Но, до кога?!?