Презентацијата се одржа како дел од официјалниот филмски ден, на кој е дозволени да се поминат 100 км. Во предпладневата сесија зад воланот седна Луис Хамилтон, додека за попладнево зад воланот на W08 EQ Power треба да се појави новакот во тимот Валтери Ботас.
Како што забележувате во името на болидот наставката Hybrid e заменета со EQ Power, која ќе се користи на сите автомобили на Мерцедес придвижувани со помош на електрична енергија. Во тимот очекуваат дека 2017 болидот да биде еден од најбрзите во Формула 1 Шампионатот.
Во очи паѓа што болидот ја нема карактеристичната перка над ПЕ, но подоцна од тимот стигна објаснување дека тоа можеби ќе се промени до почетокот на сезоната. Поради силниот ветар на Силверстоун, било решено да се стави конвенционален капак над ПЕ. Она што веќе знаевме е дека носот на W08, нема да има "thumb" нос, а решението е слично на досега користеното од тимот.
При попладневното излегување на болидот, тој имаше интересен аеродинамичен елемент во форма на буквата Т, поставен непосредно пред задното крило. Дали ќе продолжи да се користи и понатака, времето ќе покаже.
Секако, тоа е решение кое може лесно и брзо да се копира од останатите тимови. Нешто што потешко се копира, а за кое повеќето Ф1 аналитичари веќе наголемо зборуваат е претпоставката за целосно нова и уникатна предна суспензија.