Презентацијата беше пренесувана на телевизијата Скај Ф1 и ја започна Виџеј Малја, Претседателот на Форс Индија, кој ја цитираше вчерашната изјава на Абитебул, тимскиот шеф на Рено, дека оваа сезона малите тимови поради недостиг на финансии како што одминува сезоната ќе паѓаат се подолу и подолу на дното од табелите. Како одговор следуваше дека тој може да ги "изеде" своите зборови, бидејќи пари се важни, но не се најважни. Тоа се орудијата со кои располага еден Формула 1 тим. Дали е во право времето ќе покаже.
По изјавите на возачите на Форс Индија, Серџо Перез и новакот во тимот Естебан Окон, кој беше ангажиран како замена за Нико Хулкенберг, тие ја тргнаа прекривката од новиот 2017 болид со ознака VJM10.
Основните бои останаа исти, но толкувањето на новите прописи од страна на инженерите на Форс Индија донесоа многу оригинални решенија на аеро елементите, за кои веруваме дека нема баш да им се допаднат на многу од Ф1 фановите. По најуспешната година во историјата на тимот, која им го донесе четвртото место во шампионатот на конструкторите, екипата со голем оптимизам ја очекува десеттата сезона во својата историја.
ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД 2017 БОЛИДОТ НА ФОРС ИНДИЈА - VJM10
2/22/2017 03:17:00 PM
0
Share to other apps