ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД 2017 БОЛИДОТ НА ХАС - VF17
2/26/2017 09:29:00 PM
0
Тимот на Хас Ф1 денес преку социјалните мрежи и нивната веб страница и официјално го презентираше својот адут за 2017 сезоната, болидот кој ја носи ознаката VF-17. Естетски, болидот има поагресивен изглед. Тој е полесен и аеродинамички ефикасен. Инженерите на Хас, она што го научиле од нивниот прв болид го примениле и на нивниот нов болид. Боите од минатогодишниот болид се употребени и на VF-17, но целокупната шема е поинаква. Сега, темно сивата боја доминира во поголемиот дел од болидот, промешана со нијанси на црвена, црна, бела и светло сива, т.е. сите бои кои се употребуваат во нивната фабрика за производство за алати и прецизни машини.
Share to other apps