ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД 2017 БОЛИДОТ НА ТОРО РОСО, STR12
2/26/2017 10:20:00 PM
0
Во пресрет на првата пред сезонска тест сесија, Скудерија Торо Росо е последниот тим кој го презентираше својот нов 2017 болид, кој ја има ознаката - STR12. Вредеше да се почека, некако последниот презентиран болид е можеби и најубавиот кој ќе се натпреварува во Ф1 Шампионатот. Во нивната 12-та сезона во овој спорт, од Торо Росо се решија за драстична промена на нивните бои, со што за прв пат, јасно ќе можеме да ги разликуваме од болидите на Ред Бул. Возачката постава останува иста, т.е. зад воланот на STR12 ќе седнат Карлос Саинц Јуниор и Данил Квјат.
На крајот од минатата сезона, тимот имаше сериозни проблеми поради недостаток на конкурентност од една година старите Ферари ПЕ. Оваа година, тие ќе ги добијат истите ПЕ на Рено, кои ќе ги користи нивниот фабрички тим и поуспешниот сестрински тим на Ред Бул, што им дава надеж за подобри резултати и одлични можности за развивање на шасијата во текот на целата сезона.
Нивнита посакувана цел е сезоната да ја завршат на петтото место во шампионатот на конструкторите...
Share to other apps