Презентацијата ја започнаа со свои видувања Претседателот на тимот, Жером Строл и Кирил Абитебул, кои изјавија дека темелната реорганизација на Рено спорт Ф1 е завршена и сега тие ги имаат сите услови за да го започнат нивниот пат кон врвот на Формула 1. Според нив целта за оваа сезона е петтото место во шампионатот на конструкторите, што ќе биде значаен чекор напред во однос на деветтото место од минатата сезона.
Како возачко засилување во тимот пристигна Нико Хулкенберг, на местото од Кевин Магнусен. Џолион Палмер, продолжува во својата втора сезона по ред. Друга новост е што Рено ПЕ е целосно редизајнирана, со нова архитектура на моторот и втората генерација на ERS системот, во чие создавање голема улога имаа инженерите од сестринската компанија Инфинити. Тимот наместо ТОТАЛ, има нов снабдувач на гориво и масла КАСТРОЛ, кој е дел од Британската нафтена компанија - Бритиш Петрол(БП).
Трендот на промена на распоредот на минатогодишните бои, продолжува и кај Рено, каде црната боја сега зафаќа многу поголема површина.