ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД 2017 БОЛИДОТ НА МЕКЛАРЕН - MCL32
2/24/2017 12:12:00 PM
0
Веднаш по Ферари и тимот на Мекларен ни го презентираше нивниот нов болид со кој ќе се натпреваруваат во 2017 Ф1 сезоната. По отпуштањето на Рон Денис, беше отфрлено и традиционалното означување на нивните шасии, па, одлучено е болидот да има ново име - MCL32. Друга позначајна промена е враќање на нивната историска боја од 60-тите години. Гласините дека Мекларен MCL32 ќе биде обоен во портокалово, се покажаа како точни, но, сепак таа е во комбинација со црни тонови.
Share to other apps