Ред Бул конечно по само едно видео во текот на вчерашниот ден ги објави и првите фотографии од нивниот нов болид, RB13, кој според нив претставува спој на елеганција и моќност. Инженерите на тимот работеле напорно за да се обезбеди болид со помош на кој ќе го засенат тимот на Мерцедес АМГ, откако минатата сезона го освоија второ место во трката за конструктори.
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф, изјави: "Ние сме елегантни како лебед на површината, кој моќно весла под површината. Но, тоа е истата ситуација како и пред почетокот на секоја сезона, па генерално мислиме дека сме на вистинскиот пат."
Во меѓувреме, Роб Маршал, шефот на инженерскиот тим, вели: "Се очекува болидот да биде меѓу три и пет секунди по круг побрз и поголем дел од тој напредок ќе дојде преку поголемите брзини низ свиоците, каде што зголемената потисна сила ќе му овозможува на болидот да се движи побрзо."
Даниел Рикиардо, трет во шампионатот за 2016 сезоната, рече:"Чувствата возејќи го новиот болидот ќе бидат многу поразлични. Предните и задните гуми се значително пошироки. Тоа ќе ја зголеми брзината на болидите."
Холанѓанецот Макс Ферстапен додаде: "Се надевам дека имаме изградено многу конкурентен болид. Расположението е многу позитивно."
РЕД БУЛ РБ 13 - ЕЛЕГАНТЕН И МОЌЕН
2/27/2017 11:16:00 AM
0
Share to other apps