RENAULT SPORT F1 TEAM - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА 2016 БОЛИДОТ
2/03/2016 01:39:00 PM
0
Рено Спорт Ф1 е првиот тим кој ни го презентираше својот 2016 натпреварувач, RS16, на настанот организиран во нивниот Техноцентар во Париз. Францускиот гигант од автомобилската индустрија оваа сезона се враќа во Формула 1 Шампионатот како фабрички тим, за прв пат од 2011 година. Тоа беше изведено со купување на финансиски пропаднатиот тим на Лотус.
Карлос Госн, извршниот директор на Рено групацијата изјави дека сега ќе биде познат како Рено Спорт Формула 1, и имаат поставено цел да биде на Победничкиот подиум во рок од три години. Џолион Палмер и Кевин Магнусен беа официјално претставени како возачи на тимот и Естебан Окон во улогата на резервен возач.
Болидот е презентиран во главно црна боја, со примеси на жолта, што лично нам не ни се допаѓа, но надеж дека нешто ќе се промени до првата трка во Австралија ни дава тоа што во неколку наврати беше напоменато дека овие бои ќе се користат на тест сесиите во Барселона. Р.С. 16 ќе претрпи и одредени козметички промени на шасијата, бидејќи денес ни била прикажана само шасија без ПЕ. Наше мислење е дека ова беше шасијата која во Лотус ја припремаа за Мерцедес ПЕ, која пак сега треба да се модифицира за сопствената Рено ПЕ.
Share to other apps