Највениот филмски ден на Вилијамс Мартини Ф1 тимот, испадна како презентација на деталите од новиот 2016 болид, со ознаката FW38. За неговиот развој и дизајн ни објаснува Пет Сајмондс, главниот технички директор на тимот.
- Какво е концептуалното размислување зад FW38?
FW37 беше прилично ефикасен болид, па ние се концентриравме на разбирање на областите каде што можеме да го подобриме, без да ги изгубиме атрибутите кои го направија ефикасен. Не е никаква тајна дека перформансите на FW37 при мала брзина не се совпаѓаа со перформансите при голема брзина, па така многу време е поминато во барањето на причините зошто е тоа така и потоа правење на промени, кои се надеваме дека ќе ја подобрат ситуацијата.
- Кога започна процесот на дизајнирање?
На ова прашање е секогаш малку тешко да се одговори, но еве да речеме дека тоа беше средината на Јануари 2015 година, уште пред FW37 да се појави во јавност. Тогаш имавме состанок на кој ги утврдивме насоките во кои треба да се разива FW38, кој треба да има подобри перформанси од својот претходник. Со започнувањето на работата на FW37 можевме да ги видиме насоките на развој кои што сакавме да ги понесеме на следниот болид.
- Освен нови болиди, што друго ни носи 2016 сезоната?
За оваа сезона имаме многу малку промени во техничките прописи. Како и секогаш, ние се обидуваме да ја подобриме безбедноста на возачите во близина на главата, па така шасијата е значително посилна во тој дел. Потоа, нешто што фановите ќе може да го забележат е дека ПЕ ќе звучат малку поостро.
Во текот на зимата може да се очекува поголема моќ од подобрување на согорувањето и тоа ќе произведе уште малку поголема врева, но можеби позначајно е што издувните гасови од турбо компресорот веќе не одат во главната издувна цевка. Тоа ќе допринесе за 12% погласна ПЕ, но исто така може од време на време да предизвика одредени драматични звуци, кои ќе ги припишеме на турбо моторите со високи перформанси.
- Значи техничките прописи не се многу променети, што е со спортските прописи?
Тука можеме да очекуваме многу повеќе промени, особено во врска со користењето на гумите. Со воведувањето на дополнителната петта смеша на Пирели гумите тимовите ќе имаат поголема слобода во изборот на гуми што ги користат. Иако, јас мислам дека тоа нема да донесе многу драматични промени, но може да се очекува по некое изненадување од време на време.
- Што е со Вилијамс - како ќе испадне 2016 сезоната за тимот?
Човек никогаш не може да го предвиди тоа, бидејќи без разлика колку напор сте вложиле и без оглед на големината на вашите подобрувања, сите работи во спортот се релативни. Ова значи дека исходот на сезоната не е само во функција на вашите напори, туку и оние на вашите конкуренти. Во Вилијамс ние сме искрени во врска со нашите грешки и се обидуваме да учиме од нив. Исто како и при дизајнот на болидот, ние секогаш ги анализираме нашите предности и слабости.
Ова доведе до неколку оперативни промени за 2016 година, кои иако не се особено видливи од надвор, треба да овозможат подобро справување со повеќе варијанти и сценарија кои ги носат тркачките викенди. Наша голема предност што ја носиме во 2016 година е стабилноста. Многу е лесно да се потцени моќта на оваа варијабла, но со истите возачи и континуитет во инженерскиот тим се надеваме дека ќе биде во можност веднаш да бидеме брзи, нешто што е особено важно со само 8 дена на тестирање пред стартот на сезоната.
- Вашите предвидувањата за 2016 сезоната?
Јас сум во овој мотоспорт премногу долго за да паднам во стапицата на предвидување. Во текот на последните неколку години Вилијамс го врати натпреварувачкиот дух, по кој беше одамна познат. Сакам тој да се подигне на повисоко ниво и да го искористиме за напредок на многу прогресивен начин, при тоа секогаш имајќи стратешки поглед за иднината, особено со големите промени што ни ги носи 2017 година.