За тимот на Заубер Ф1 2016 година ќе биде 24-тата сезона во Формула 1 Шампионатот. Тимот со своја база во Хинвил, Швајцарија, по Ферари, Вилијамс и Мекларен, е четвртиот најстар меѓу сегашните Ф1 тимови. Во 2016 сезоната тимот на Заубер повторно ќе се натпреварува со старата возачка постава, Маркус Ериксон и Фелипе Наср.
Мониша Калтенборн, тимскиот шеф, изјави: "Јасно е дека сакаме да се подобриме. Очигледно, имаме одредена позиција, која би сакале да се постигне. Но, за да се започне со тоа, ние треба да се етаблираме во средината на поредокот. Само тогаш ќе можеме да се фокусираме на индивидуалните позиции. "
Во однос на возачите, Маркус Ериксон и Фелипе Наср, вели: "Двајцата беа одлични, во првата сезона за нас. Говорејќи за Маркус и Фелипе, факт е дека тие направија само неколку грешки. И дека научија нешто од овие грешки. Сега тие ќе треба да продолжат да работат на своите вештини, следејќи ги добиените искуства."
ПРВИ ФОТОГРАФИИ: ЗАУБЕР C35 - ЕВОЛУЦИЈА НА СТАРИОТ БОЛИД
2/29/2016 04:03:00 PM
0
Share to other apps