Новиот МП4-31 е втор болид по воспоставувањето на соработката помеѓу двата мотоспорт гиганти Мекларен Ф1 и Хонда. Шасијата на 2016 болидот е дизајн на британскиот тим, додека за продвижување е задолжена Јапонската технологија на Хонда, која ја разви ПЕ РА616Х исклучиво за овој тим.
Според инженерите на Мекларен иако имаме континуитет во техничките прописи на Формула 1 шампионатот, новиот 2016 болидот вклучува значителен број на нови иновации, како и усовршување на концептите развивани во минатата сезона. Резултатот е збир на неверојатни аеродинамички решенија, со многу простор за ефикасна интеграција на новата 2016 ПЕ на Хонда.