Следуваше, Даниел Рикардо со Ред Бул RB12, цела секунда побавен од најбрзото време. Валтери Ботас беше на четвртото место од табелата, со 0.047 зад Рикиардо, додека Алфонсо Целис со болидот на Форс Индија, VJM09, го имаше солидното петто најбрзо време на своето деби во Ф1. Неговото најдобро време беше забележано на меките гуми
Џенсон Батон имаше добар ден со болидот на Мекларен, беше 6-ти најбрз, но со комплетирани 84 круга, пет повеќе од минатогодишната цела тест сесија во Херез. Иако најавуваа дека Торо Росо може да биде побрз од Ред Бул, тоа денес не беше случај.
Болидот на Торо росо на патеката излезе во привремена целосн о темн о сина боја на шасијата. Дефинитивниот изглед ќе биде готов за почетокот на втората тест сесија. Минатогодишниот болид на Заубер со Маркус Ериксон зад воланот беше осми најбрз, пред Паскал Верлајн со Манор, годинава придвижуван од Мерцедес ПЕ.
На последните две места болидите кои денес имаа најголеми проблеми. Роман Грожан зад воланот на Хас VF-16, во еден момент го изгуби предното крило на најбрзиот дел од патеката, што го чинеше комплетирање на само 31 круга. На последното место заврши Џолион Палмер со Рено RS16, со нешто повеќе од четири секунди заостанување и со само 37 круга. Британецот се жалеше на проблеми во задниот дел на болидот.
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ТЕСТ ДЕН
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:24.939 | / (69) |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:25.409 | + 0.470 (156) |
3 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:26.044 | + 1.105 (87) |
4 | Валтери Ботас | Вилијам | 1:26.091 | + 1.152 (80) |
5 | Алфонсо Целис | Форс Индија | 1:26.298 | + 1.359 (58) |
6 | Џенсон Батон | Мекларен | 1:26.735 | + 1.796 (84) |
7 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:27.180 | + 2.241 (55) |
8 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:27.555 | + 2.616 (88) |
9 | Паскал Верлајн | Манор | 1:28.292 | + 3.460 (54) |
10 | Роман Грожан | Хас | 1:28.399 | + 3.353 (31) |
11 | Џолион Палмер | Рено | 1:29.356 | + 4.417 (37) |