Ред Бул објави фотографии од својот нов болид со ознака, RB12, кој ќе го има своето деби во понеделник наутро во Барселона. Болидот е придвижуван од страна на Рено ПЕ, но, ребрендирана со логото на Tag Heuer.
Кристијан Хорнер, тимскиот шеф, рече: "Очигледно, доцната одлука за ПЕ беше предизвик, целиот тим работеше неверојатно напорно во текот на зимата. Затоа, ние очекуваме да продолжиме со значителниот напредок што го направивме во втората половина на 2015 година и да ја пренесеме истата динамиката во почетокот на оваа сезона."
"Моите надежи за оваа сезона се дека ние ќе имаме вистински напредок и се надевам дека ќе имаме додатни перформанси од страната на Рено ПЕ, што ќе ни овозможи да се доближиме до некои од нашите непосредни ривали."
Тимот на Ред Бул Рејсинг, вечерва на презентација во Лондон ги покажа боите на својот 2016 болид - РБ12, кој своето деби пред јавноста ќе го има во понеделник пред стартот на првата тест сесија во Барселона.
Тие го изгубија својот главен спонзор Infiniti, а Tag Heuer доаѓа во тимот и ќе ја брендира новата погонска единица која ги користи моторите на Рено. Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул изјави дека тимот ја редизајнирал од почеток традиционалната шема на бои што ја користат од влегувањето во Ф1 Шампионатот.
"Ние започнавме со чист лист хартија за да добиеме иновативен, агресивен, изглед кој ќе се истакнува, кој ќе им паѓа во очи на Ф1 фановите и ќе предизвика страв во ретровизорите на останатите возачи. Изгледа добро и работите имаат тенденција да се одвиваат во добар правец."
ПРВИ ФОТОГРАФИИ: РЕД БУЛ RB12 - БОЛИД СО ПРОБЛЕМАТИЧНА ПЕ
2/17/2016 07:37:00 PM
0
Share to other apps