Скратен нос, заострен задeн крај и интригантна црвено-бела боја се карактеристиките на новиот 2016 болид на Ферари, со ознака SF16-H. Буквата Х во името се однесува на хибридната ПЕ, која влегува во својата трета сезона во Формула 1 Шампионатот. Во смисла на правење на конкурентен болид, според Алисон, Ферари се одлучи да направи промени во голем број на области. Носот е пократок и повисок, што позитивно се одразува на аеродинамиката, а по четири години со суспензија pullrod, болидот сега е опремен со систем pushrod.
Инженерите на Ферари напорно работеле на архитектурата на погонската единица, која е направена покомпактна и потесна. Тоа влијае на капакот на моторот, што повторно помага за аеродинамиката на болидот. Моторот има подобрено согорување, турбо и доводот на воздухот во обид да се најдат повеќе перформанси.
"Во 2013 година, Ферари не беше на вистинско ниво, освен добрите пит-стопови. Ние работевме многу напорно на многу области. Минатата година беше пристоен чекор напред и се надеваме дека овој болид ќе биде уште едeн добар чекор понапред, кој ќе не направи конкурентни. Сите наши надежи се во овој болид, и со нестрпливост очекувам да го видам на патеките."
Аривабене, запрашан за перспективите на болидот, рече:
"Нормално јас не сум оној што ги поставува целите на тимот, тоа е работа на мојот шеф. Мислам дека оваа година, ние треба да форсираме малку повеќе. Ние би сакале да се бориме за Титулите до самиот крај на Шампионатот. Знам дека нема да се биде лесно, бидејќи нашите конкуренти не спијат, но ние сме целосно посветени да го извадиме нашиoт целосен потенцијал."
Минатата сезона, Ветел сепак заврши 103 поени зад Луис Хамилтон, а Мерцедес АМГ имаше 275 поени повеќе од Ферари. Разликата беше голема, па Ферари треба да премине голем мост за да ги стигне перформансите на Мерцедес за оваа година.
ФЕРАРИ СФ16-Х - ПЕРФЕКТЕН БОЛИД
2/19/2016 03:15:00 PM
0
Share to other apps