Џин Хас, сопственикот на овој тим и најголемиот производител на автоматизирани машини(ХААС Автоматизација) во Северна Америка, изјави:
"Кога ќе слушнете Ф1, точно знаете што е тоа, глобален натпревар на најновата технологија и место каде ги имате најдобрите таленти во областа на инженерството и дизајнот. ХААС автоматизација има одлична репутација во САД и сакам таа репутација да расте низ целиот свет. Поврзување Хас автоматизација со Ф1 е најдобриот начин да се зголеми нашиот бизнис и постанување на глобален бренд."
На 2016 болидот, VF-16, доминираат следниве бои: темно сива, светло сива и црвена, шема која што е изведена од комплетната линија на машини кои се произведуваат во нивните погони.
Гинтер Штајнер, тимскиот шеф, изјави:
"Ние сме нов тим, па ние ги набвљудувавме што прават успешните Ф1 тимови(Ферари), за да ја осознаеме основната линија на развој во кој треба да движи нашиот дизајн. Ние имаме искусни дизајнери кои работеа многу напорно да го развијат и најмалиот дел на болидот од аеродинамичка гледна точка. Задниот дел на болидот, од многу зависеше од големината и изгледот на Ферари ПЕ, бидејќи тоа е нашиот технички партнер со чија помош ќе се придвижува нашиот болид"
"Нашата цел со овој болид е да се освојат поени. Прво, ние треба да покажеме дека сме дораснати на овој мотоспорт, дека ние ќе можеме да ги завршуваме трките, да здобиеме респект од страна на навивачите и на другите тимови во падокот. Потоа, ние сакаме да освојуваме поени. Тоа е крајната цел."