Новиот болид на Манор со ознака MRT05, беше презентиран во гаражата на овој тим, пред почетокoт на првата пред сезонска тест сесија на патеката Каталуња во Барселона. Џон Мекилијан, техничкиот директор и Дејв Рајан, тркачкиот директор, ги дадоа своите согледувања за 2016 сезоната.
Џон, MRT05 го нарекувате болид од соништата?
- Апсолутно. Дури и во оваа рана фаза, ние со сигурност може да кажеме дека ова е најдобриот болид што сме го изградиле. Секако, најразвиениот, најамбициозниот и најагресивниот. Целокупниот пакет е многу значаен чекор напред, не само од минатата година, туку од кој било од нашите досегашни болиди.
Иако имаме долг пат во однос на развивањето на MRT05, веќе може да кажеме дека тоа е болид од соништата за 154 луѓе кои работеа напорно да се дизајнира и да се конструира. Во еден мал тим како што е нашиот, секој поединец има значајна улога.
Дејв, 90 дена во вашата нова улога. Како се чувствувате?
- Многу, многу зафатен. Многу работа, тим со огромен потенцијал, визија и амбиција да се направи голем чекор напред. За разлика од минатата, со оглед на околностите во кои се наоѓаше тимот, оваа година, со пакетот што го имаме, ние треба да бидеме професионален Ф1 тим. Тоа е она каде што беше фокусирано моето внимание.
Што можеме да очекуваме од Манор оваа сезона?
- Пристојност и конкурентност. Нема повеќе само едноставно вртење кругови за време на трките, секој човек што е во овој тим со нетрпение ја очекува првата трка во Мелбурн, за неколку недели. Знаеме дека треба да се подобриме во секоја област и во никој случај не ги потценуваме конкурентите, но, имаме фантастична техничка соработка со Мерцедес-Бенц и Вилијамс и сега од нас се очекува да покажеме добри резултати."
МАНОР РЕЈСИНГ МРТ05 - БОЛИД ОД СОНИШТАТА
2/29/2016 12:18:00 PM
0
Share to other apps